Шекеринска од трибината во Скопје: Испишавме историја, со право можеме да бидеме горди, дадовме збор и донесовме резултат.

Види Радо, колку ли само лаги имаш кажано во една единствена реченица. Мислам дека си на добар пат да го надминеш и твојот шеф лажов од Муртино, пишува на социјалните мрежи Роберт Милески.

Но, што да се очекува од некоја која цел живот единствено занимање и е политика. Веројатно на овие мамелешки те научија кога студираше мастер на оној онлајн факултетот од САД.

Но, ајде по ред – прво, вие не напишавте историја, туку избришавте историја! Вие се обидовте да избришете цел народ и држава од постоење. Е сега, ако овој народ не дај боже повторно ви ја даде поддршката, тогаш дефинитвно не заслужува ништо подобро од такви како тебе. Понатаму, на што може да сте горди? Велиш дадовте збор? Кој збор несреќо една! Дадениот збор беше дека никогаш нема да промените уставно име! Се колневте дури и во сопствените деца (за ова мислам дека ќе си имате со господ работа)! А резултатот? Па го гледаме сите. Пред три години ви кажав дека ќе ве блокираат и нема да ви дозволат да станете дел од ЕУ, ама тогаш си игравте мајтап со овие мои тези, нели, оти вие од сдс секогаш сте одбраните, елитата, вие кои знаете се, вие кои од Бога ви е дадено правото да избришете еден народ од неговото постоење. Е арно ама на крај ве зафркнаа, ве оставија во балканската касаба!

За крај, јас ќе бидам горд само тогаш кога сите инволвирани во ова антимакедонско сценарио ќе се најдете зад решетки, а вашите имоти комплетно запленети заради велепредавство! За да не може повеќе корен да ви се фати на македонска земја!

Една земја, една љубов, една татковина – име и е Македонија!, пишува Милески на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.