Не стивнуваат реакциите од јавноста за новите предлог измени на Законот за јавни собири, според кој правото на протести на граѓаните ќе биде доста рестриктирано.

Граѓанскиот активист и некогашен шарен револуционер Роберт Милески на Заев му порача дека уште шест вакви закони нема да го спасат.

Види, да ти објаснам нешто, уште шест закони за забрана за протести нема да те спасат. Слушај ми збор. И си го утнал законот, оти во него пишува дека не смее да се протестира пред државни институции. Кога ќе се собереме, тогаш ќе бидеме околу институциите, за да не го кршиме законот, нели, пишува Милески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.