Што уште треба да се случи во оваа држава за полицијата да го повика Зоран Заев на информативен разговор, а обвинителството да покрене кривична постапка за рекет?, прашува активистот Роберт Милески, коментирајќи ја последната од низата на аудиобомби во кои се инкриминира лидерот на СДСМ.

Дали не е доволно тоа што со свои уши го слушаме дека влегува во играта со 6-те милиони евра!? Зарем ваков корумпиран лажов ќе се дозволи да биде претендент за функцијата премиер на Република Македонија!? И вие ќе ми зборувате за сваровски судство на Груевски и ќе лепите билборди за „прочистување на судството”? Која фингерајка!, реагира Милески.

Тој коментира и за обидот на дел од медиумите да го оправдаат Заев во последната „бомба“.

Овие провладиниве како а1он и слични, трудејќи се да го одбранат, уште повеќе го закопуваат муртинскиот лидер. Демек не рекол важи, туки рекол марш. И што сака да каже писателот со тоа? Дека Заев го маршира Димишков, за тој сам да ги лапне парите? Бидејќи после марш, иако сите имаме уши и слушаме важи, тој вели “јас влегувам во оваа работа”.

Бедуинска Поговорка: кога си во жив песок, не мрдај, оти пропаѓаш подлабоко. Македонска поговорка: Кога си во гомна до уши, ништо не те спасува…, коментира Милески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.