Бизнисменот Роберт Милески, кој учествуваше во протестите против Владата на Никола Груевски ја комдентира еуфоријата со која СДСМ се обидува да ја надгласи бомбата што ја објави Ел Чека, во која се гледа дека Груевски и Јанкулоска не договараат затскривање на убиецот на Мартин Нешкоски, како што објави Заев на 5 мај 2015 година.

Милески им се обраќа на мегафоните на СДСМ, кои и порај што вистината излезе на виделина, се обидуваат да ја замолчат со својата гласна лага.

Зошто продолжувате да се закопувате подлабоко во живиот песок навистина не ми е јасно или можеби ПР агенцијата така ви кажа, можеби оној измамникот Тал Силберстин, другар на Заев со којшто се сликаат и му праќаат слики на “Порошенко”, што го намести Штрахе и падна владата на Курц воАвстрија, пишува Милески во постот поткрепувајќи со фотографијата што ја објави Република од пораките што му ги испраќал насамарениот Заев на „Порошенко“.

Бизнисменот Милески ги нарекува „манипуланти лажни“ оние кои намерно ги извртуваат фактите.

Прво фактите, од снимката јасно се слуша дека Груевски НЕ Е замешан во обидот за прикривање, а твојот лажен лидер Заев ставајќи намерен исечок од таа снимка сакаше токму него да го вмеша за да се случи голем протест и немири против Владата, кои прераснаа во насилни со многу повредени полицајци. Јас навистина не знам кој е помонструозен од вас – тие што сакаа да го прикријат убиството или вие што го искористивте згаснувањето на млад живот во вашата политичка агенда! Да ви е еден срам да ви е! Бруки! Пу јазк!

Понатаму, од снимката јасно се слуша дека Спасов некогаш БИЛ, но НЕ Е повеќе обезбедување кај Груевски, а вие токму со таа пропратна приказна и онаа песничката што ја имавте направено извадена од контекст “се нервирам, не можеш убиство да скриеш” со гласот на Јанкуловска, намерно ја загоревте атмосферата! И сега пак продолжувате со истото! Манипуланти едни лажни!

На крајот, прашува зошто СДСМ, кои се веќе 3 години на власт не го раасчистија обидот за прикривање на убиството на Нешкоски.

И сега секој нормален ќе се запраша, добро, вие сте скоро три години на власт, зошто досега не го расчистивте обидот за прикривање на убиството на Нешковски? Зошто досега нема ни постапка ни случај против никој од инволвираните, а знаеме дека обид постоеше? Вие сте на власт! Пак ќе речам – да ви е еден срам да ви е! Наместо да се извините за искористувањето на смртта на млад човек од страна на Заев и да се дистанцирате од него, вие уште продолжувате да го браните, а еден куп “интелектуалци” молчат скриени во нивните мали шупливи глувчешки дупки!

Не бива од вас ништо, ја да ви кажам. Вие сте збирштина на аморални и анационални неспособни луѓе.

Толку имав да кажам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.