Еден од основачите на „Македонски национален совет“, Роберт Милески, на својата фејсбук страница ги коментира критиките од министерката за одбрана Радмила Шекеринска за предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за попис со отпечаток од прст.

Шекеринска: Со предлогот за набавка на терминали за отпечаток од прст ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не сака попис.

Милески: А ти со оваа изјава ја покажуваш сопствената глупоќа, ништо повеќе.

Да објаснам зошто: попис е статистичка операција која треба да покаже колку ЖИТЕЛИ има една држава, каде тие живеат, а не колку ДРЖАВЈАНИ! За второто има податок во МВР.

За да се заштити пописот од манипулации постојат неколку начини. Јас пред многу години наведов неколку, меѓу кои беше и кросреференцирање на бази на податоци од повеќе институции, како што се МВР, ПИОМ, банки, и слично, а посебно базите на МВР кои евидентираат кога некој државјанин е излезен и кога влегол во Македонија. Може да се попише САМО државјанин што најмалку 6 месеци од денот на пописот престојувал во Македонија. Сите други според европски и светски стандарди НЕ СЕ жители на Македонија, односно се жители на некоја друга држава. Нема логика еден ист човек да живее во Германија, таму да се води како жител, доаѓа во Македонија еднаш годишно по еден месец и истиот да биде попишан тука! Дали ти е јасно ова гуско една глупава? Прочитај ги правилата на Евростат и ќе ти стане јасно како се изведува попис. (државјани на ЕУ што престојуваат подолго од 6 месеци на територија на друга ЕУ држава автоматски стануваат и гласачи во таа општина каде што престојуваат).

Втор начин дополнително да се заштити изборниот процес е токму идејата со отпечаток за прст. На тој начин секој што ќе биде попишан МОРА да биде присутен, но јас на тоа би ја додал и првата заштита, односно проверка дали лицето престојувало во Македонија најмалку шест месеци пред пописот. Или пак потоа би ги филтрирал ваквите лица со споредување на базата од МВР.

Околу цената: апарат за читање на отпечатоци не чини повеќе од 80-тина евра, а реалната цена се движи околу 50 евра по уред. Еве да речеме дека ќе попишуваат 500 тимови, тоа се незначајни 25.000 евра!“, напиша тој.

Шекеринска: Со предлогот за набавка на терминали за отпечаток од прст ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не сака попис.

Милески:…

Posted by Robert Mileski on Sunday, 27 December 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.