Во документ од Министерството за транспорт и врски наместо македонски јазик се споменува „северномакедонски“. Ниту министерот Горан Сугарески, ниту било кој друг одговорен од министерството досега не дадоа објаснување за оваа грешка.

Но, затоа јавноста бурно реагира. Меѓу нив се приклучи и Владимир Милчин, поранешен прв човек на СОРОС во Македонија, кој прашува дали има крај на понижувањата.

Што е бре ова?! Има ли крај на понижувањата во земјата Будалија?, прашува тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.