Правдата изгледа не живее во Македонија, рече вечерва поранешниот директор на Фондацијата „Отворено општество“, професор Владимир Милчин во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, додавајќи дека не верува оти во толкава операција не е замешана политиката.

Тоа што го видов од Меѓународниот сојуз беше во расчекор, а морав да го видам. Многу чудно е и пуштањето во домашен притвор на обвинетиот од случајот „Рекет“. Мислам дека сево ова ќе излезе на површина, не сме ние толку голема земја да има вечни тајни, може нема да биде утре, но прашалниците остануваат. Мислам дека во Македонија доминира разочарувањето, напишав дека надежта е во колапс, но денес мислам дека надежта е мртва ,вели Милчин.

Милчин вели дека кога станува збор за Специјалното јавно обвинителство, вистинското прашање е како Катица Јанева стана Специјален обвинител.

Кај нас има дистрибуција на одговорност кога моќните ќе бидат фатени во нешто незаконито, неморално и неодговорно, лично јас не сум учествувал во изборот на Катица Јанева и не сум одговорен за тоа. Сигнали за нејзината недоволна компетентност морало да постојат. Се работеше за големи пари и еден од проблемите е недоволната транспарентност, вели професорот.

Милчин исто така истакна дека не го гледа оправдано постоењето на СЈО очигледно таму многу работи биле почнати и не биле завршени, зошто не биле завршени предметите и дали е тоа заради политички математики и лична корист, праша професорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.