Поранешниот член на претседателството на СДСМ, Владимир Милчин, се чуди што владеачката партија е изненадена и затечена од заплетот во аферата „Рекет“ со скандалозната снимка објавена денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“.

„СДСМ е партија на власт или е тоа фатаморгана? Груевски ви прави проблеми од Будимпешта? Што очекувавте да прави откако ви избега пред носот, со ваша или без ваша дозвола? Не е проблемот кој ги раздава снимките, проблемот е што содржат тие. ВМРО имал однапред подготвено сценарио? И вие изненадени и затечени? Па ВМРО ви е политички непријател кој беше столчен. Вие го кренавте на нозе! И уште нешто: Опозицијата може да апелира, власта мора да управува согласно законите. А за да го прави тоа, мора да има чисти раце!“, констатира на Фејсбук режисерот и поранешен извршен директор на „Отворено општество – Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.