Во емисијата „Стадион” на „Канал 77″ гостуваше Владимир Милчин, кој говореше дека оваа влада не донесе правда, туку и се задушува и барањето за правда. Единствената надеж на граѓаните за правда беше СЈО, но се испостави дека и тие не се бореле за правда, доказ за тоа не е само случајот „Рекет“, туку и бројни афери кои полека излегуваат на површина во јавноста.

Слоганот беше „Нема правда, нема мир“, а не добивме правда, а не го добивме ни она што требаше да го прикрие фактот дека не добивме правда, не добивме датум за преговори. И ако резултатите на тие преговори којзнае колку време ќе траат, со оглед на тоа што се случува во оваа земја, појасни Милчин.

Милчин додаде дека сите беа жртви на една стратегија која беше правдата ќе ја заборавиме со тоа што ќе се добие датум за преговори. Но, луѓето не забораваат, а особено не забораваат доколку ни ова што требаше да биде компензација не се случи. Приемот во НАТО не е компензација за тие две работи.

Отсутната правда и задушувањето на барањето на правда, и недобиениот датум за преговори. Така што, би рекол тоа не е од неумеење и незнаење, тоа е од несакање. Од несакање да се влезе во вистинска битка за правдата. Што мислите на што ќе личи сево ова на т.н. ветинг? Фалбаџијата за бозаџијата ќе биде, истакна Милчин.

Милчин дополни дека оваа влада за овие две години ништо не направи, нема за што да се надева. Најголемата надеж беше СЈО, Катица, но сите читаат дека не е само „Рекет“ има и други афери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.