Еленко Миланов, адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, “Титаник 3”, побара да биде иземена специјалната обвинителка Катица Јанева. Истото го побара и од обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи, зашто, како што кажа, биле во директни конфронтации и спротиставености со Јанева.

За тоа треба да даде мислење Советот на јавни обвинители, а да одлучи Собранието, поради одредбите од Законот за СЈО, во кој единствен потписник на решенијата е Јанева – рече Миланов.

Судијката Марија Клетничка даде едночасовна пауза за да одлучи за барањето.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.