Адвокатот Еленко Миланов смета дека сведочењето на Зоран Заев мора да се сфати сериозно, бидејќи тоа го говори човек кој има пристап до сите безбедносни информации во државата.

Не може човек што ги има сите релевантни информации да каже дека Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристески не се организатори на собраниските настани и тоа да не биде земено предвид, адвокатот на одбраната.

Миланов смета дека ова обвинение треба да биде повлечено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.