Еленко Миланов адвокатот на обвинетите во „27 април“ истакна дека од документот на оперативниот штаб на МВР за операцијата „Платформа“  кој ги следел протестите на „За заедничка Македонија“јасно се гледа дека немало организиран превоз за Скопје за протестите, а најмалку дека тоа го правеле Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Во записникот што се неведува дека истовремено  протести имало и во 14 други градови Штип, Свети Николе, Делчево, Берово, Кочани, Велес, Кавадарци, Неготино, Битола, Прилеп, Кривогаптани, Охрид, Кичево и Куманово и тоа во временскиот период од 18 часот до 20 и 30 или до 21 часот. Ова значи дека организиран превоз или повикување од страна на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски не постоело-објасни Миланов.

Иако записникот е одобрен од началник на Сектор Душко Лазаров обвинителката Вилма Рускоска негодуваше зошто овој доказ да биде изведен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.