Aдвокатот Еленко Миланов нагласува дека секако дека ќе ја обжалат пресудата за случајот „ТНТ“  затоа што според него со  ова се праќа една многу лоша порака а тоа е дека бесправното градење наместо да се стопира и санкционира, се санкционираат луѓето кои постапуваат по однос на бесправно изградени објекти.

Судот, надвор од барањето на оштетниот отиде со огласување на обвинетите  и во делот на надомест на штета со што сметам дека сакаше да ја тргне одговорноста од државата и да не може да се наплатат овие 20 милиони евра кои се побаруваат а дефакто државата треба да го сноси овој трошок-смета адвокатот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.