Мила Царовска, министерката за образование потврди дека има заразена наставничка во скопското основно училиште „Гоце Делчев“. Станува збор за наставничка во прво одделение.

Ова е единствениот случај досега на позитивен случај на наставник при физичка настава. До сега претходно имало пет позитивни наставници откако започна новата учебна година, но тие одржувале онлајн настава, рече Царовска.

Во изолација во моментов се 15-те ученици и колешката на наставничката, со која заедно го водат одделението, а наставата ќе ја продолжат онлајн.

Царовска додаде дека учениците ќе продолжат да носат заштитни маски при физичката настава.

За носењето маски кај учениците одлучува Комисијата за заразни болести. Ние ќе продолжиме да ги практикуваме протоколите, додаде министерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.