Сашо Мијалков ненадејно попладнево се појавил во канцеларијата на обвинителката Вилма Русковска, дознава НетПрес.

Според „Нетрпес“ тој всушност се предал, но откако претходно наводно направил договор со власта на Зоран Заев и СДСМ околу висината на неговата затворска казна.

Како што пишува порталот овие три дена додека бил бегство, тој ги искористил за договарање со власта на СДСМ околу висината на казната која треба да му биде изречена во петок за случајот Таргет-Тврдина. Засега, неофицијалните информации велат дека договорот бил да не му биде изречена затворска казна повисока од 10 години. Поради притисокот од јавноста Зоран Заев и СДСМ, одлучиле да преговараат и да се договараат со Мијалков, само тој да се врати.

Инаку, од неделата попладне Сашо Мијалков мистериозно исчезна за органите на прогонот во Македонија, откако тие тргнаа да му врачат решение за мерка куќен притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.