Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, откако Апелацискиот суд во Скопје ја прифатил гаранцијата од нешто повеќе од 11 милиони евра дека ќе биде достапен за судскиот процес кој се води против него. Покрај гаранцијата, Мијалков е должен еднаш неделно да се јавува во Судот, а издадена е забрана да му биде издаден пасош.

Неговата жалба била уважена, а решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата. Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.