Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од вчера се наоѓа во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Директорот на затворот Филип Андонов за „Фокус“ изјавил дека Мијалков поради здравствените протоколи за Ковид-19 моментално е сам, а се превземаат и засилени безбедносни мерки.

-Лицето Сашо Мијалков е примено во одделението за издржување на мерка притвор во КПУ Затвор Скопје на ден 26.02.2021 година во 16:00 часот врз основа на решение на Основен кривичен суд Скопје – Скопје, со кое му е определена мерка притвор. Притвореното лице е сместено во одделението за издржување мерка притвор. За притворениот се преземаат засилени безбедносни мерки, во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди. Дополнително се прават и чести контроли. Веднаш по приемот во установата, поради здравствените протоколи Сашо Мијалков како и сите други нови притворени лица е сместен сам, изјави директорот Андов за „Фокус“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.