Актерот Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ говорејќи за фактот што бугарска компанија го изработила сајтот за пописот рече дека не би било проблем доколку ситуацијата со Бугарија е поинаква.

Да не е ситуацијата со Бугарија ваква каква што е, нивната реторика кон Македонија и сите активности не би било ни чудно тоа што сајтот го работи бугарска фирма. Но, во ваква ситуација јас би бил претпазлив, вели Михајловски.

Според него контролирањето на веб страната од страна на бугарска компанија јасно кажува за намерите и постапките.

Ова што го прават Бугарите е само да создадат анимозитет. Ништо не постигнуваат со вакво однесување кон Македонија. Само тоа успеаја да го добијат, кажа Михајловски додавајќи дека оние кои се со бугарско државјанство во Македонија јасно е дека граѓани го земале за подобра кола, живот и слично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.