Станува појасно дека за референдумот се наполнети најмалку 300 000 фантомски гласови. Вистината е како шило ..:) – коментира Тони Михајловски на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција на Михајловски доаѓа по вчерашниот изборен ден, на кој СДСМ, ДУИ и нивниот заеднички кандидат Стево Пендаровски освоија дури 300 000 гласа помалку од оние на референдумот. Тогаш излезе информација дека по еден гласач на секои 17 секунди е брзината со која во последните 90 минути пред крајот на референдумот се гласало на едно избирачко место во скопската општина Студеничани.

За референдумот на избирачкото место 0543 во Центар Жупа, од 18.30 до 19 часот, гласале 331 гласач, или по еден на секои 5,4 секунди. Тоа веројатно е светски рекорд! На избирачкото место 1913 во Велешта во општина Струга, од 18.30 часот до 19 часот гласале 199 избирачи, или по еден на секои 9 секунди. На избирачкото место 2453 во Долно Свиларе во општина Сарај, од 15 до 17 часот гласале 360 избирачи, или по еден на секои 20 секунди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.