Христијан Мицкоски, како лидер, ја врати довербата на народот во ВМРО-ДПМНЕ, вели Тони Михајловски во „Отворено на Алфа“.
Се враќа довербата во ВМРО-ДПМНЕ на народот. Христијан Мицкоски како лидер донесе светлина во ВМРО-ДПМНЕ, ја реструктуираше целата партија. Тоа што се прават работи кои не им се допаѓаат на политичките противници значи дека партијата се движи во права насока. Големината на Мицкоски е тоа што нема никаква концесија кон никого, вели Михајловски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
На народот му е потребен политичар кој ќе биде искрен кон него, додава Михајловски, а Мицкоски очигледно им пречи на многумина, оти сака да го задржи и зачува минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.