Планираме технолошко индустриската развојна зона, конечно да ја заживееме затоа што таа е еден од условите ако скате на младите од Куманово да им најдете работа и да ги натерате да останат таму, вели кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за општина Куманово, Тони Михајловски.

Тој во дебатното соочување со останатите кандидати за Куманово во емисијата „Економски магазин“, презентираше дел од проектите во неговата предизборна програма со кои очекува да се решат проблемите на кумановчани кои се провлекуваат во последните триесет години, како што се справувањето со одпадот на модерен и современ начин со цел зачувување на животната средина, ослободувањето на тротоарите за пешаците и така натаму.

Меѓу клучните проекти кои Михајловски ги ветува за реализација во Кумано, по освојувањето на довербата на граѓаните е изградба на катни гаражи со кои ќе се реши проблемот со недостигот на паркинг места, гараши кои актуелниот градоначалник, Максим Димитриевски ги ветуваше и кои за период од четири години не ги направи.

Во Куманово сакаме да имаме чиста река, а не течна депонија, сакаме да имаме модерно справување со отпадот, сакаме да имаме слободни тротоари, сакаме да имаме катни гаражи. Јас ветувам дека ке ги направам катните гаражи од програмата на господинот Димитриевски, кои се ветени во минатата програма а не се реализирани и тоа ветени беа три катни гаражи, а јас ќе направ уште една пус на тие три, истакна Михајловски.

Тој посочи дека, кумановчани имаат реален проблем, кумановчани немаат модерен убав театар, моменталната стара зграда е по прилично непристојно место, при што додаде дека, она што го пранирам е целосно реализирање на мојата програма, затоа што доколку не ги реализираме ќе останат празни зборови на некои билборди или во некоја фиока.

Михајловски се залага дека како градоначалник на Куманово ќе го реши и проблемот со училиштето Сами Фрашери зошто, како што потенцираше, децата во тоа училиште учат во нехумани услови.

Школото Сами Фраше мора да се реши бидејќи е нехумани се условите во кои учат децата таму. Децата немаат тротоар, немаат школски двор, плус три школи учат во истата училишна зграда, рече Михајловски.

Тој посочи дека има многу проекти што сака да ги реализира и кои мора да ги изреализира, а не да се фали со асфалтирање на улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.