Куќата во која пораснал, училиштето во кое учел, паркот каде се случил првиот бакнеж… Актерот Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на Куманово направи видео во кое се навраќа на спомените од детството, од младоста…

Куманово да биде се она што денес не е, а можеше да биде во изминатите 30 години. Куманово да биде чист и светол град со убави улици.Без диви депонии и кал до колена. Куманово град со широки булевари. Со паркови во кои ќе можеш и ќе сакаш да поминеш повеќе време. Куманово да биде град на културата. Со катни гаражи, со многу зеленила, со чист воздух, со убави бањи, со луна парк, со нов театар или со два. Куманово во кое ќе доаѓаат луѓе од целиот Балкан, од Европа, од светот. Куманово во кое младите ќе сакаат да останат да живеат и нема да мора никогаш да си заминат од него. Ајде наново да го градиме Куманово – е пораката која Михајловски ја испрати преку новиот видео спот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.