Кандидатот за градоначланик на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски, ги продолжува секојдневните средби со граѓаните во нивните населби од врата на врата.

Другите со поткуп од понижувачки 500 денари за глас, ние во разговор со секого презентирајќи ја нашата конкретна, реална и издржана програма.

 

Од врата до врата во населбата Јане Сандански го завршуваме денешниот ден. Овие наши сограѓани заслужуваат:

 

✅Изградба на спортски игралишта;

 

✅Изградба на детски катчиња;

 

✅Зголемување на зелените површини со нови маалски паркови;

 

✅Обнова и димензионирање на ефикасна атмосферска, канализациска и водоводна мрежа;

 

✅Асфалтирање и поставување на бекатон плочки на улиците – најавува Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.