Секое отворање на Законот за јазици, со кој се затвориле прашањата од Рамковниот договор, ќе нè врати пред 2001 година, порача вицепремиерот Бујар Османи, откако премиерот во заминување Зоран Заев рече дека ќе ги почитува препораките од Венецијанската комисија.

Иако немаше никаква реакција од редовите на власта по оваа изјава, на социјалните мрежи врие по оваа индиректна закана.

Тони Михајловски на Османи му порача: Џабе плашиш.

Тоа, на некој апсурден начин, би било и поместување напред Бујар Османи, затоа што ние Македонците сме вратени пред 1945. Џабе плашиш, напиша Михајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.