Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од Кратово повика на сплотување и одлучност бидејќи, како што рече, сега е време кога граѓаните ќе треба да одлучат меѓу два сосема различни политички концепти.

– Едниот е што го нудат истрошени, безидејни политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и знаат како да се справат со сите предизвици, се до крајната цел. А крајната цел е Македонија онаква каква што ја знаеме, нашата Македонија. Одлуката овој пат е меѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвиткана или исправена кичма. На една страна гледаме криминал и корупција, а на другата страна ред и поредок, чест и честитост, рече Мицкоски.

Обвини дека СДСМ и БЕСА сакаат да ја федерализираат и уништат државата.

– Од пред некој ден имаме информација дека СДСМ и БЕСА во два чекора сакаат да ја распарчат Македонија. Прво е федерализација, а потоа следи уништување. И ова не е само во главата на ВМРО-вците. И тогаш предупредувавме за договорите и тогаш велеа дека тоа е само во нашите глави, но целата македонска јавност виде како тие ги спроведоа сите три договори, рече Мицкоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.