Ивор Мицковски на својот фејсбук профил напиша:

Пробувам да разберам зошто Кризната состојба во МК е со важност до 31.12.2021.

Што ново се случува во однос на пандемијата со Ковид 19, што е влошено, кога серија на мерки се олабавуваат, за да се оправда перманентна кризна состојба?!

Можеби затоа што си прераспределија со декрет еден куп пари, дека спроведоа еден куп договори без тендери и дека сакаат да одат на избори со таква злоупотреба.

Да не збориме колку таквата состојба е лоша по имиџот на една држава која властите сакаат да ја ословуваат како демократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.