Новинарот Ивор Мицковски вчера со остар коментар на интервјуто на премиерот Зоран Заев дадено за грчка ТВ „Алфа“ каде вели дека во минатото имало обиди да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша.

Заев: Светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја.
Оф бе Зоки, па секоја нација е халуцинација, базирана на митови и преувеличени историски посебности. Така имаш мит за Венеција, мит за Дубровник, романтичарскиот мит за Грција, мит за нацијата, култ кон нацијата. Идејата е од повеќе конфликтуални идеологии, да се обедини нацијата ако може околу една, доминантна нарација.
Затоа некад има и поделби или граѓански војни.
Ама јеби га, ти на нива си бил кога тоа се учело.
Не тропај за работи што не ги разбираш, и ако веќе сме држава, нација, тогаш мораме да имаме колку – толку усогласена верзија околу националниот идентитет.
И да не тропаш како само ние да сме присвојувале, пишува Мицковски на фејсбук.

Според него, може и да немаме усогласеност, и да се делиме ко мајмуни, додека вие политичарите профитирате од тоа.

Ама нели помирување ќе правевте.
Абе Зоки, и атомот неделив бил пред 70 години, ама само затоа што не знаевме, пишува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.