Ивор Мицковски ја коментира најавата на премиерот Зоран Заев дека ДУИ имале да соопштат убава работа во сабота.

Заев на 10 јули 2020 година: „ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е снимен разговорот објавен денеска. Имаа 20 пратеници, се преполовија на 10, на овие избори ќе имаат уште помалку“, вели Заев.

 

Заев на 3-ти јуни 2021 година: „ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава затоа што е целосно во корелација во работењето на Владата, затоа што е модерна и соодветна на 21 век. Мене ме бендисува тоа што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ“. – коментира Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.