Ќе влезат у Влада и одма стануваат визионери, неимари, прогресивци.
Не се работи дека некој е против здрав и одржлив развој, ниту против легитимни приватни профити.
Се работи дека се гради нехумано и криминално, дека вашиот “прогрес” е преку кршење закони, отуѓување на нечиј имот, уништување на градот кој наместо да се шири само се стеснува и се развива само за богатите, а на штета на останатите.
Се гради криминално кај Холидеј Ин, како што криминално се гради во Маврово, на Шапка, Треска, Сарај, насекаде.
Ако сте толку прогресивни ќе градите преку чесни и законски постапки, во интерес на граѓаните и градот, а не преку криминал и во полза на неколкумина.
Конечно, проблемот е што го правите истото што до вчера го осудувавте и напаѓавте, на основа на што сте добиле поддршка, консензус, гласови и конечно позиции кои денес ги имате за да пљукате вака од високо.
Ама кој да ги види тие работи кога имате милиони за делење, кога вие повторно ќе имате само профит.
И така, ние затуцани што сакаме хумана и правна држава, а вие прогресивци што го кршите законот и работите криминално.
Прогесивни криминалци-криминал кој прогредира, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.