Кога ќе размислиш колку интервјуа на министерот за Внатрешни, колку ПР, слики од настани, гостувања во вести, посети на цркви, колку непотребно внимание за ништо, само за себепромоција.
И сега кога им експлодира гигантски случај на насилство, кога година дена ништо не презеле, кога жртви кажуваат дека пријавиле и никој не постапил, нема никој да излезе во јавност да смири ситуација, да преземе мерки и одговорност, да даде одговор на тешки прашања.
Никој, ништо, никогаш.
Постоите само за себе изгледа.

Ова е реакцијата на аналитичарот Ивор Мицковски за молкот на МВР и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за случајот „Јавна соба“. Иако предедна година беше откриена група на Телегрграм на која се злоупотребувале фотографии и податоци од малолетни лица, денес се уште има жртви, малолетни лица кои добиваат вулгарни пораки и повици.

Кога ќе размислиш колку интервјуа на министерот за Внатрешни, колку ПР, слики од настани, гостувања во вести, посети на…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 27 January 2021

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.