Па добро бе дечко, од каде овие пари откако си на власт?!, прашува активистот Ивор Мицковски по веста дека семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата, ќе гради луксузна хациенда во викенд населбата Побожје, како и дека вози џип од 74 илјади евра, кој не е пријавен во неговиот анкетен лист.

Откако дошол на власт купил земјиште во вредност од 100 илјади евра, плус и успеа земјоделско земјиште да го пренамени во градежно.
Џип од 74 илјади евра, исто непријавен во анкетен лист.
Па добро бе дечко, од каде овие пари откако си на власт?!, прашува Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.