Коментирајќи ја изјавата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека „Мора час поскоро секој од нас да направи максимум со своето делување да се стави крајот на криминалот и на корупцијата во државата од секој можен аспект.
Да се створи систем што ефикасно и брзо ќе одговори”, активистот Ивор Мицковски прашува – кај бевте 6 години?

Ова може да е изјава на опозиционер, на политичар што не стапнал на власт 10 години, ова не може и не смее да го кажува министер на кој му побегна Груевски и кој секојдневно се потврдува со скандали и неспособност.
Што систем правевте овие 6 години, кај бевте 6 години, што мислевте 6 години?!, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.