Абе сега кога е актуелно трошењето европски пари, привлекување средства, или колку малку нашата држава троши за здравјето на своите граѓани, до каде се случаите со Рашко и Лидија Димова?!, прашува политичкиот аналитичар Ивор Мицковски во статус на Фејсбук.

Димова беше разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ваква одлука донесе Управниот одбор на Агенцијата, откако Јавното обвинителство против неа и уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за злоупотреба, измама и штета од над 400 илјади евра европски пари.

Каде се нашите власти да објаснат зошто држава со предуен буџет, со спичкани милијарда евра во вонредна состојба, со обврзница од 700 милиони евра, кога почна ковид кризата и кога немаше маски или тестови за зуб, државата потрошила само 7 милиони евра за заштита од корона вирусот?!, пишува Мицковски.

Абе сега кога е актуелно трошењето Европски пари, привлекување средства, или колку малку нашата држава троши за…

Posted by Ivor Mickovski on Monday, 15 March 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.