Груби треска за ветинг, и партиски и институционален, дека ќе се правело нешто ко Комисија за лустрација, ќе се проверувало минатото на секој јавен функционер.
Еј ова ти го збори партиски тепач и ширач на меѓуетничка омраза, навијач на УЧК, проценет како неконтролабилен од самите свои партиски шефови – коментира поранешниот висок функцонер од СДСМ, Ивор Мицковски.

Ваквата изјава доаѓа откако денеска Артан Груби даде објаснување дека процесот на ветинг предложен од ДУИ и т.н. процес метла на СДСМ немаат ништо заедничко и се сосема два посебни процеси. Ветингот на ДУИ предвидува дека со понесување за членство нема автоматски да се станува партиски член туку ќе се прави проверка и ако има нешто спорно личноста ќе биде одбиена. Вториот ветинг е институционален, односно ќе биде формирано регулаторно тело кое че ги проверува сите што се предложени или сакаат да бидат функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.