Стигнаа и првите реакции по најавата на премиерот Зоран Заев дека ќе достави предлог до Собранието за нови министри, функцијата министер за финансии ќе ја превземе лично тој.

За поранешниот функционер од СДСМ Ивор Мицковски, ова не е метла, туку навреда.

Ова не е реконструкција, ова е деконструкција на веќе ужасна влада. За некој што збореше за избори, нов мандатар, сериозна метла, ова е подјебавање со граѓанска интелигенција.
Сами се рушите, не ви треба некој да ве бутка, смета Мицковски.

Заев денеска најави дека ќе ги предложи Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.