Не знам што се буните, барем имаме држава на криминалци, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.
Секое дете кое ќе се роди утре може да се понадева да стане легален кримос.
Опстанавме како држава-богзнајкако-независни никогаш реално, вечно зависни од некој локален кмет или странски аскер.
Она малку чесни луѓе дома ги испративме во странство или длабоко ги унесреќивме, она малку пријатели однадвор никогаш не ги послушавме или прифативме нивните добронамерни совети.
Идеме понатаму, уште 30 и мислам ќе бидеме ок, ако го преживееме овој концепт на држави од 19 век. Ако не, ќе славиме нешто трето во иднина, адаптабилни и прагматични сме ние, како оваа власт и ова лого за незналици, напиша Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.