Многу беше тешко да се предвиди дека оставките нема да бидат прифатени.
На крај не разбравте и се направивте будали што значи морална одговорност.
Тоа значи дека не прифаќате одговорност за набавката на лоши контењери од ваш политички и бизнис партнер кои изгореле за 3 минути со 14 луѓе внатре.
Тоа нема врска со продолжени кабли или зошто несреќата настанала или што и ќе измислите како оправдание.
Има врска со пур пената која гореше како шкорче, а за која Филипче на камера објаснуваше каква била, само три дена пред пожарот.
Ако се фалиш со нешто, тогаш валјда и си одговорен за тоа нешто.
Но, тоа е, толку ви сече, толку сте перфидни и безобразни, што од старт знаевме дека вака ќе биде, и така и бидна.
Како што реков вчера, одговорноста е ваша и од тоа нема бегање. Нема бегање од тие 3 минути што и да направите. Нема бегање од што сте набавиле.
И овој срам, оваа вина и оваа неодговорност ќе ве следи до крајот на вашите бедни политички кариери и до крајот на вашиот живот – коментира аналитичарот Ивор Мицковски, некогаш функционер во СДСМ.

Неговата реакција доаѓа откако премиерот Зоран Заев денеска кажа дека не ги прифаќа оставките од министерот Венко Филипче и на заменикот Илир Хасани кои ги поднесоа како морален чин по трагедијата во Тетово со пожарот во модуларната болница.

„Внимателно ги прочлитав наодите за несреќите. Како што е сооптштено, пожарот настанал врз основа на електричен кабел. Сметам дека мема причини да се бара политичка одговорност кај Венко Филипче и Илир Хасани.Останувам на ставот дека нема да дозволам политизирање на несреќата. Политичарите нема да го толкуваме извештајот. Откриена е причината, и таа е јасна. Веднаш дадов насока до министереството да се засилат контролите до сите модуларни болници. Сега треба контроли за да не се повтори вакво нешто и на друго место – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.