Аналитичарот Ивор Мицкосвски на социјалните мрежи истакнува дека власта сосема неподготвена ја дочекува есента и очекуваниот втор бран на епидемијата на Ковид-19.

Како што потенцира Мицковски, иако на почетокот од летото власта бараше брзи избори за да можела што подобро да се подготви за вториот бран на вирусот, ниту еден сектор во државта не е на подобро ниво отколку пред изборите.

Ни требаат брзи избори за спремни да го дочекаме вториот бран на короната, беше наративот.

Последни отвараме училишта и почнуваме со настава, нема места во градинки, се враќаат на работа хронично болни, се најавуваат рестрикции, а се бара пораст на продуктивноста.

Се најавува нова серија традиционален карантин и нови ограничувања.

Е вала спремно го дочекуваме вториот бран – пишува Мицковски.

Ни требаат брзи избори за спремни да го дочекаме вториот бран на короната, беше наративот.Последни отвараме училишта и…

Gepostet von Ivor Mickovski am Dienstag, 22. September 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.