На толкаво крадење и расфрлање, пари може да најдете, остро реагира активистот Ивор Мицковски по прес-конференцијата на директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, на која тој откри дека Министерството за финансии го одби барањето за вработување на 20 инспектори, кои се и тоа како потребни.

Пауновски: Побаравме вработување на нови 20 инспектори, но ни рекоа дека мора да се штеди.
Да се тргнат 10 советници на Заев и ете ги парите.
Тргнете 20 души од армијата неработници на Груби и ете ги парите.
Продајте го тој мочан мерцедес више или дајте го под лизинг, шта ја знам, и ете ги парите.
Партиите нека оделат по 5 проценти од своите годишни буџети, и ете ги парите.
Намалете им платите за 10 проценти од Регулаторна или од Авијацијата на Тунтев кој дели милиони за плати, и ете ги парите.
Намалете трошоци на армијата ботови и апологети, партиските вработени што дремат по цели денови, и ете ги парите.
Најдете пари бе будалчиња, на толкаво крадење и расфрлање, пари може да најдете, пишува Мицковски.

Пауновски: Побаравме вработување на нови 20 инспектори, но ни рекоа дека мора да се штеди.Да се тргнат 10 советници на…

Gepostet von Ivor Mickovski am Mittwoch, 14. Oktober 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.