Нашата квазинезависна сцена која наместо да биде носител на револуционерна енергија и идеали, и која потона во жабокречината на султан партиите се шокира и не го вади од уста Апасиев.
Не им е фрка од овие избори најлошиот изборен резултат на партијата која ги плаќа или им дава тезги.
Не им е шокот во фактот дека ВМРО и понатаму добива највеќе македонски гласови.
Дури нема ни шок од ДУИ кое наводно не вредеше пет пари, ама сега ќе одлучува кој ќе биде премиер.
Не, оваа фалц бонистичка и политички коректна банда луѓе немаат со ништо од овие ужасни избори проблем, имаат проблем со една мала креација, која самите ја потхрануваат и фаворизираат.
А знаете ли зашто ги потхранувате и фаворизирате?!
Зошто има доволно луѓе во оваа земја што им е прекипено од вас и сличните независни али партиски, што се спремни да дадат глас и за една изгубена и најверојатно колаборационистичка партија со опозицијата.
Вие и вашата одбивност, вашиот комфор и лигавост, вашето промовирање “бизнис како и вообичаено” ги турка луѓето подалеку од вас и кон нови поинакви ужаси.
Така да, малку самокритика другари, а не само плачење и правдање.
Малку повеќе да ќутевте за Левица, послаб резултат ќе постигнеа – напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.