Овие што ќе мораат да идат да се ревакцинираат во Србија заради игнорантскиот однос на нашите власти, нека сменат и регистрација, можеби ќе добијат бесплатно до Богородица, коментира активистот Ивор Мицковски по најавата дека ќе се потрошат 2,8 милиони за изработка и финансирање на платежните картички кои ќе им се подарат на српските туристи кои ќе транзитираат низ Македонија.

Луѓе не добија вакцини, сами си платија пат, не добиваат ревакцина дома, пак ќе си платат пат, ама ќе платат и за неспособноста и дарежливоста на нашите власти, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.