Власта има политичка и здравствена одговорност за лошо и неодговорно менаџирање на третиот бран со ковид-19, смета политичкиот аналитичар Ивор Мицковски.

Ни неполни 10 дена мерки и гледаме дека трендот на намалување на новозаразени расте, иако со смртноста и понатаму сме опасно високи.
Ама промени има, со минимални мерки.
Е замислете сега овие или други мерки да се воведеа пред 2 месеци, кога збореа дека немало потреба од мерки и дека немало никако да помогнат и кога силеџиски форсираа попис во екот на трет бран.
Ќе избегневме голем дел од високиот број на починати во овие два месеци, некои од тие луѓе ќе се спасеа.
Ете зошто имате политичка и здравствена одговорност за лошо и неодговорно менаџирање на третиот бран, пишува Мицковски на Фејсбук.

Ни неполни 10 дена мерки и гледаме дека трендот на намалување на новозаразени расте, иако со смртноста и понатаму сме…

Posted by Ivor Mickovski on Wednesday, 14 April 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.