Многу е смешно ова со згрижување интелектуалци од Авганистан и остали ноторни глупости на кои не навикнаа Зоки и неговите итроманчиња од советници, коментира аналитичарот, Ивор Мицковски.

Кога ќе размислиш уствари имаат право, а богами и искуство, цела наша земја и сите наши партии имаат длабоко искуство со згрижување „интелектуала“. 30 години масовно ја згрижуваат во партија и институции и после ја праќаат низ општеството диригирано да просераваат за нив. Од време на време дури и знаат дотолку да ги згрижат што овие мораат и навистина нешто интелектуално да испрдат.

 

Вистинската интелектуала, пак, на оваа земја, живее и во полоши од авганистански услови, стишена е, маргинализирана, сите врати и се затворени и со право е резигнирана. Ќе рече некој: па тоа е позицијата и димензијата на секој вистински интелектуалец.

 

Тачно, ама во општества каде зборот, делата и независноста носат сепак и некакви можности за таквите несреќници.

 

Така да, мило ми е што ќе згрижиме интелектуалци, мислев дека е подобро да згрижиме деца и да ослободиме жени од стегите на патријархатот и Шеријатот, ама ете ќе речат сигурно дека има и жени меѓу интелектуалциве, па можеби и деца-интелектуалци, којзнае – вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.