Аналитичарот Ивор Мицковски коментира за новите назначувања на советници во Владата.

Гледам оној преварантон Едмонд Адеми сега го ставиле советник за надворешни работи на Заев, и месечно ќе добивал по 55.268 денари.

 

Многу убава работа заврши како претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, исполажа се што требаше, не мрдна со мал прст, купи 4 години шетања и мафтање и сега ќе изиграва воштена фигура.

 

Жерновски, Адеми и Заев се одговорни за влошувањето на состојбите во Охрид, за новите дивоградби, за 4 години лажење и непреземање ништо – напиша Мицковски на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.