Силно ја осудувам злоупотребата при процесот на набавка на вакцините.
Ја осудувам неодговорноста да не се реагира навреме кога ни се нуделе во есен руски вакцини, а сега се открива дека ни се нуделе и кинески по цена од 2€ парче.
Првите дрско ги одбивме, за вториве отворија приватен субјект за нивна набавка, кога во цел свет државата ги набавува вакцините.
Ќе видиме колкава ќе биде разликата во цената, ќе се дознае.
Ги осудувам сите небулози на нашите функционери, а особено оние на Заев дека немаме вакцини затоа што сме внимавале да не имаме премногу.
Ја осудувам пропагандата и помпата со која се обидуваат да ја покријат својата неодговорност и неспособност.
Ги осудувам за овој злостор и негрижа за својот народ и својата држава, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.