Коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев дека можеби ќе ги, а можеби нема да ги прифати понудените оставки од министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, Ивор Мицковски му порачува – некој некогаш ќе ве натера на одговорност.

Заев: „Јас можеби и нема да ги прифатам оставките, може и ќе ги прифатам. Мене ми требаат податоците, за да му ја мислам што понатаму со пандемијата, кој ќе учиме, дали треба дополнително време да ризикуваме и колку тоа во животи ќе не’ чини”.
Епа вака, изгореа 14 луѓе заради ваша неспособност и прљави зделки.
Второ, трети во свет сме според одвишок смртни случаи од ковид.
Трето, први сме во Европа според најмногу починати во една недела.
Ти да му ја мислеше немаше да си каде што си.
Не знам што ќе учите кога не научивте досега, него имаме најлоши резултати во светот и Европа.
Продолжува вашата дрскост и бегање од одговорност, купувате време пред избори, но од последиците не се бега, некој ќе запамти, некој некогаш ќе ве натера на одговорност, вели Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.