Новинарот Ивор Мицковски на својот фејсбук профил напиша статус со што и упати порака на власта дека по скандалот со „Рекет“, џабе е перење од страна на лигави полтрони со лабудови песни како се единствени и незаменливи.
Такви, според Мицковски не постојат.

Денеска се спомна и политичка одговорност.
Знаете, тоа е оној тип на одговорност која се презема како во случајот кога ти бега Груевски, или како кај Рашковски, или Мира Дизел, или сиот непотизам.
Мислам дека не знаете, ама еве ви потсетување.
Е па сега замислете за врски со криминалци и нивно потпомагање, а сега глумење лудило дека сте биле злоупотребени.
Политичка и морална одговорност! Морален хазард сте.
Во ваше време е скандалов, вие сте на власт, на ваша смена.
Џабе ве перат лигавите полтрони со лабудови песни како сте единствени и незаменливи.
Такви не постојат, напиша Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.