Наместо Владата да плаче дека народот и новинарите и правеле хајка, нека ги објави сите податоци за целиот милион евра потрошени на хонорарци.
Потоа да објасни зошто волкава армија хонорарци за медиумската и пропагандна машинерија на власта.
Потоа нека го демонтира партискиот и владин ботовски систем кој координира стотици ботови на фејсбук и твитер и ги плаќа по лајкови и шерови, за водење хајки, ад персонам напади, за дефокус, релативизација, фалење на владејачката партија, Владата и глупандерите во нив.
Знаеме дека постои тој систем и фактот дека избирате да реагирате глумејќи жртви и обвинувајќи слободни луѓе за политички манипулации и хајки кои всушност ви ги правите, кажува колку сте расипани и дрски.
Луѓето ве имаат прочитано, никој не ве сака, ниту пак верува во вас, ве бранат само платениците и профитерите од вашето владеење, напиша на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.