Секој пат кога ДУИ е во очај, како сега со криминалов од бомбите за нив, за што цела држава се прави дека не го гледа, се повикуваат на УЧК, борби за права, и слични глупости, смета Ивор Мицковски.

Криминалци сте бе дечки, какви борци, предадовте вие секаква борба за кеш и моќ.
И како со рекетарите за кои сите знаеја ама се правеа луди, така и за вас ќе куцне задњи час. 
Заев дозволувајќи, пошто како ве брани, сам ќе пушти некоја бомба за себе.
Функционална била правната држава викаат од власта, нешто чудно било, пишува тој на Фејсбук.

Бомбите за ДУИ, кои интензивно на Фејсбук ги објавува Ел Чека, во почетокот не допираа до челниците на оваа партија, за пред неколку дена Али Ахмети вознемирен да праша зошто нема бомби за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и да побара неговите опоненти да се оградат од бомбите за ДУИ. Заев, пак, во одбрана на коалицискиот партнер му порача на Ел Чека дека ќе бараа да го затворат, на што овој експресно му врати: Кога ќе му ѕвониш на Трамп, осигурај се дека е лично тој.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.