„Избери живот, гласај зелено, е слоганот на ДУИ.
Овие мислат можат 100 години да ја дупат цела Македонија.
Теута веќе еднаш ради неисчистени канали предизвика смрт, сега и нејзе на врат и висат 14-те мртви од модуларната.
Градот е депонија, Шара е испосечена со викендички, мали хидроцентрали, дивосеча.
Во Струга владее Мерко кој ја уништи реката и градот, кој купува коли од по 70 илјади евра.
Во Охрид носител на советничка им е силеџијана Нефи, кој изгради дивоградба пицерија во самиот центар, бетонска база покрај езеро.
И колку уште примери треба да се наведат за ова лицемирие, криминал и злосторство.
Особено по последната катастрофа и трагедија да збориш за бирање живот е поприлично нечовечно, пошто со избор на вас луѓе добиле само несреќа, пишува на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.